Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се намалува од 0,5 до 2 денара за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,79%.
Новата малопродажна цена на дизелот ќе изнесува 68,5, а на лесното масло за горење 67,5 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот од типот „еуросупер-95“ се намалува за половина денар по литар и ќе изнесува 74 денари, додека „еуросуперот-98“ поевтинува за два денара и ќе се продава за 76,5 денари за литар.
Мазутот поевтинува за 1,273 денари за килограм и ќе чини 43,507 денари.