More

    Кремљ стравува дека Западот преку Телеграм ќе ги дознае тајните од фронтот

    spot_img

    Што знае Павел Дуров, техномилијардерот и газда на социјалната мрежа Телеграм кој го чека своето судење по12 обвиненија во Франција? И дали основачот на Телеграм ќе му ги предаде на НАТО клучевите од војната на Русија во Украина?

    Вакви прашања пробува да одговори анализата на Дејли Телеграф, а според Џон Форман, поранешен одбранбен аташе на Велика Британија во Москва, Кремљ веќе стравува во врска со ова.

    – Мислам дека Кремљ е загрижен дека знае каде се закопани телата и дека западното разузнавање може да добие многу увид во руското водење на војната – изјави Форман.

    Но, дали е ова суштинска загриженост или е само параноја на руските безбедносни служби во наводен заговор на Западот да ја уништи Русија? Заговорот на разузнавањето изгледаше пресилен, рече Форман, но прашањето беше „матно“.

    Павел Дуров (39) стана познат во Русија со основањето на Вконтакте, социјалната мрежа по моделот на Фејсбук. Тој ја загуби контролата врз таа компанија откако одби да ги предаде податоците за украинските демонстранти и ја напушти Русија во 2014 година, велејќи дека никогаш нема да се врати.

    Тој потоа создаде богатство со Телеграм, апликација за инстант пораки што ја лансираше во 2013 година и која стана многу популарна во Русија, Украина и на Блискиот Исток и за приватна комуникација и како извор на нецензурирани вести.

    Денес тој е нашироко користен и од руските и од украинските воени пропагандисти, и – особено во руската армија – за комуникација на бојното поле. Тоа е коренот на вознемиреноста предизвикана во Русија кога тој беше уапсен на аеродромот Ле Бурже надвор од Париз на 24 август.

    Француските власти го обвинија дека дозволил апликацијата да се користи за низа нелегални активности, вклучително и материјал за сексуална злоупотреба на деца и трговија со дрога. Дуров ги негира наводите, кои неговиот адвокат ги нарече „апсурдни“.

    – Ниту еден иноватор никогаш нема да изгради нови алатки ако знае дека може да биде лично одговорен за потенцијална злоупотреба на тие алатки – рече тој.

    Две од обвиненијата за Дуров се врзани со фактот дека Телеграм не ги шифрира своите комуникации, а според француски закон од 2004 година секоја компанија која работи во дејноста мора да го предаде изворниот код на Франција.

    Законот е проблематичен бидејќи досега ниеден од големите корпорации слични на Телеграм во Франицја не одговарале, а Политико неодамна напиша дека шефовите на Фејсбу, Вастап, Сигнал и Протонмејл се загрижени и збунети.
    Законот ја разгори дебатата за тоа колку западните влади можат да влијаат на приватните комуникации на интернет и беше спореден со слична регулатива во Кина. Во Русија, пак, мислењата за Дуров се поделени. Некои го гледаат како новиот гласник на слободата на говорот.

    Руските воени блогери, кои имаат многу канали на Телеграм, кои се чест извор за војната, се загрижени дека Дуров може да се спогоди со француската влада, на сличен начин како што се шпекулираше дека во 2020 година, Дуров и ФСБ имале таен договор со кој било овозможено Роскомнадзор да се укине забраната за оваа социјална мрежа.

    Едно од стравувањата на блогерите е и дека Телеграм содржи бројни видеа од злосторства во војната кои можат да излезат на виделина.

    Во неговата прва реакција по апсењето, во подолга изјава за Телеграм, Дуров оцени дека е „изненадувачки“ да се смета тој за одговорен за содржината објавена од други луѓе.

    – Користењето на законите од ерата пред паметните телефони за да се обвини извршен директор за злосторства извршени од трети лица на платформата што ја води е неразумен пристап – рече 39-годишниот милијардер.

    Тој, исто така, ги отфрли тврдењата дека Телеграм е некој вид анархичен рај, нарекувајќи ги „апсолутно лажни“.
    – Секој ден бришеме милиони штетни пораки – истакна Дуров.

    Тој ги негираше наводите дека Париз не добил никакви одговори од Телеграм на своите барања. Дуров рече дека тој лично им помогнал на француските власти „да воспостават жешка телефонска линија со Телеграм за справување со терористичката закана во Франција“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img