Во местото Бад Завештајн во близината на Штутгарт, исчезна Македонката Наташа Совраноски .
Совраноски има 25 години и последен пат е видена на 2 септември во 20.15 часот во Бад Тејнах-Завелштејн (Bad Teinach -Zavelstein), и од тогаш и се губи секаква трага.
Нашата е висока околу 180 сантиметри, со темно кафеава боја на косата, и браон боја на очите. Има тетоважа на подлактицата. Последен пат носела црна маица со црни панталони и црни патики.
Семејството кое ја бара веќе 8 дена, очекува каква било информација.