Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер.
Во Скопје се очекува променливо облачно време, додека доцна попладне, а особено во текот на ноќта повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Од денеска попладне и потоа преку ноќта, под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и посвежо на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m² за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и град, особено во вторник врнежите ќе бидат пообилни, а температурата ќе биде значително пониска.