Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Брунсум објави видео честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста.
„Среќен национален ден на нашиот сојузник Северна Македонија . Гледајте го за да го прославиме заедно #ПосилниЗаедно | #НиесмеНАТО, се вели во честитката.
Претходно и НАТО ни го честиташе Денот на независноста.
„Ретвитирајте за да ни се придружите во славењето на нашиот сојузник Северна Македонија на денот на нејзината независност!“, стои во објавата на платформата Икс.