More

    Осум бебиња на возраст до една година се заболени со голема кашлица

    spot_img

    Осум бебиња на возраст до една година се заболени со голема кашлица, покажува новиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

    За 47 отсто е зголемен бројот на нови заболени од голема кашлица од 30 август до 5 септември, во споредба со споредба со претходниот седумдневен период. Најголем дел од вкупниот број случаи (25) е пријавен во Скопје (14), а пријавени се и 5 случаи во Тетово, 3 во Кратово, 2 во Куманово и 1 во Крива Паланка.

    Во однос на вакциналниот статус на заболените, 18 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, шест се комплетно вакцинирани и еден е вакциниран согласно возраста. Од новите случаи пет беа хоспитализирани.

    Заклучно со 5 септември, во земјава се регистрирани вкупно 1.074 случаи на голема кашлица. Тоа претставува неколкукратно зголемување во однос на изминатиот петгодишен период (2019-2023), кога се регистрирани вкупно 10 случаи.

    Согласно податоците доставени од Здравствен дом Скопје, службите за вакцинација утврдиле дека се пронајдени 21.970 деца пропуштени за вакцинација. Од нив вакцинирани се 15.333, а најголем број од нив примиле прва ревакцина (47,2%).

    Според доставените податоци од центрите за јавно здравје низ земјава, пронајдени се 10.175 деца пропуштени за вакцинација, а од нив се вакцинирани 7.004. Од вакцинираните, најголем број примиле прва ревакцина (45,3%).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img