More

    Петнаесета традиционална завршна камперска вечер во авто камп Љубаништа – Охрид

    spot_img

    Вечерва сите патишта водат кон авто камп Љубаништа, каде што се спојуваат магијата на Охридското езеро прегрнато од падините на планината Галичица. Оваа година традиционално по петнаесети пат се одржува завршната камперска вечер во организација на управата на кампот и старите кампери – Џемо, Дељо, Тончи, Перчо и други,  кои петнаесет години наназад се едини творци и креатори на камперската магија.

    За магијата да биде поголема ќе се погрижат музичарите Жармена, Владо Броз и ДЏ Марама. Организаторите се погрижија и за петнаесетминутен велелепен огномет кој ќе се испалува од водите на Охридското езеро, а на полноќ ќе се одржи традиционалното ноќно капење и испалување на сигнални ракети од езерото со песната Лихнида кајче веслаше. Со овој настан и официјално завршува летната туристичка сезона за годината 2024 во авто кампот Љубаништа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img