More

    Пресврт во случајот со синот на Џо Бајден

    spot_img

    Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, сака да го смени својот исказ пред судиите и да признае вина. Ова е неочекуван пресврт во случајот, јавува Си-Ен-Ен. Американските медиуми пишуваат дека на овој начин Хантер сака да го прескокне судењето пред Федералниот суд.

    Хантер лани во декември беше обвинет за девет прекршоци за затајување данок, додека трошел милиони „на екстравагантен начин на живот“ вклучувајќи дрога, „придружба и девојки“, егзотични автомобили и други лични трошоци. Тој првично се изјасни за невин.

    – Хантер Бајден има намера да ја смени својата изјава утрово – изјавила неговата адвокатка Абе Лоуел пред федералниот судија во Лос Анџелес во четвртокот, токму кога изборот на поротата требало да започне.

    Според адвокатката, Бајден сакал да поднесе изјава прифаќајќи ја пресудата за вина, додека тврдел дека не направил ништо лошо. Обвинителите рекле дека тоа е првпат да го слушнат ова и судот решил да направи пауза.

    Според обвинителите, синот на актуелниот претседател „се ангажирал во четиригодишна шема да не плати најмалку 1,4 милиони американски долари проценети федерални даноци што ги должел за даночните години од 2016 до 2019 година“, трошејќи „милиони долари на екстравагантен начин на живот наместо да ги плаќа ги даночните сметки“.

    Во овој период, Бајден служел во управните одбори на украинската енергетска компанија „Бурисма“ и кинеската компанија „CEFC China Energy Co Ltd“.

    Доколку биде прогласен за виновен, Хантер се соочува со максимална затворска казна од 17 години.

    Истовремено, тој е под обвинение за поседување оружје во Делавер, а во тој случај може да биде осуден на дури 25 години на сослушувањето закажано за ноември, по претседателските избори. Хантер беше прогласен за виновен за фалсификување на федералниот формулар за купување огнено оружје.

    Минатиот месец, федералните обвинители доставија нови докази дека Хантер Бајден работел како лобист за бизнисмен од Романија, без да се регистрира во федералната влада. Меѓутоа, тие не ги проширија обвиненијата поради тоа што со обвиненијата се крши Законот за регистрација на странски агенти во САД.

    Таткото на Хантер, Џо Бајден, кон крајот на јули се повлече од претседателската трка и ја поддржа актуелната потпретседател Камала Харис за таа функција. Ова следуваше по бројните критики во САД, вклучително и од демократите дека тој не е психофизички спремен со оглед на неговата возраст и честите гафови на Бајден во неговите јавни настапи.

    Правните проблеми на неговиот син Хантер, исто така се сметаа за потенцијален проблем за кампањата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img