More

    Експертите ја објаснуваат тајната на физичкиот изглед на холивудските ѕвезди

    spot_img

    Холивудските ѕвезди Бред Пит (60) и Џорџ Клуни (63) ги изненадија присутните со нивниот младешки изглед кога неодамна се појавија на 81-то издание на Венецијанскиот филмски фестивал. Актерите се појавија во Лидо да го претстават својот нов заеднички филм „Волци“.

    Меѓутоа, сите гледаа во нивните лица прашувајќи се како е можно актерите во седмата деценија да изгледаат како да се во своите 30-ти години. Како им успева да го одржат својот младешки изглед?

    Што велат стручните лица?

    Според д-р Милица Ѓокиќ, специјалист по естетска хирургија, двајцата актери, Бред Пит и Џорџ Клуни, поседуваат одлична генетика која работи во нивна корист.

    – Сепак имаат направена интервенции на лицето, но многу малку. Џорџ Клуни дури, како што ми се чини, не направил речиси ништо и неговиот изглед првенствено се должи на генетиката и на одличната нега. Бред Пит има правено нешто на себе, но првото нешто што го забележувам е дека неговата кожа е феноменална. И двајцата очигледно користат врвни производи за нега, веројатно имаат користено некои ласерски третмани и третмани за подобрување на текстурата на кожата, што јасно се гледа на нивните лица – стручно објаснува д-р Ѓокиќ.

    Според нејзина проценка, Бред Пит вложува нешто повеќе во својот изглед од Клуни, но ниеден од нив немал третмани со ботокс бидејќи тој е многу воочлив на лицето.

    – На нивното лице може да се забележат брчки, особено кога се насмевнуваат, што е нормално за луѓе на нивна возраст. Ја имаат комплетната мимика на лицето, така што апсолутно не користеле ботокс. Многу е можно да примениле хијалуронски третмани, особено Бред Пит, кај кого се гледа убаво исполнето лице – додава таа.

    Како што стручно објаснува д-р Ѓокиќ, и двајцата актери ги коригирале најчестите дефекти на лицето кои се појавуваат кај мажите во нивните зрели години.

    – Ова пред сè се однесува на пределот на јаболчиците кој е најчесто и најмногу погоден кај мажите со текот на годините, па тие недостатоци ги пополниле. Сè на сè, што и да правеле, тоа е изведено умерено, но и многу ефектно бидејќи и двајцата изгледаат подмладено – објасни д-р Ѓокиќ.

    Како што на социјалните мрежи забележаа и други стручни лица од естетската хирургија, тешко е да се поверува дека двајцата се во своите 60-ти години бидејќи двајцата имаат свежа и затегната кожа, но и младешки дух.

    Експертите и лекарите честопати нагласуваат дека не е сè во современите естетски процедури и во хирургијата, туку во целокупниот пристап кон здравјето. Нашето лице честопати ја отсликува состојбата на телото, па здравата исхрана, редовната физичка активност и адекватниот сон прават чуда.

    Кога станува збор за двајцата холивудски заводници, комбинацијата на нега и на умерена професионална естетска интервенција им овозможила и на 60 години да изгледаат како да се во своите 30-ти години, а Пит и Клуни тоа го покажаа и го докажаа во Венеција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img