More

    Си-Ен-Ен дојде до снимка од злосторство во Покровск на истокот од Украина

    spot_img

    Си-Ен-Ен доби видео на кое се гледа како руските сили безмилосно убиваат украински војници кои се предале во борби во Покровск на истокот на Украина. На снимката се гледа како Украинците одат среде правлива патека, а потоа паѓаат на колена со рацете на глава.

    Неколку секунди подоцна, снимките, инаку направени од украински дрон, ги покажуваат војниците како лежат неподвижни со лицето надолу.

    Снимките се од август, а се работи за тројца украински војници кои се предале. Според Си-Ен-Ен вакви инциденти има сè повеќе, а изминатата година имало 15, според список што му го дале украинските разузнавачки извори.

    фото: принтскрин/Си-Ен-Ен

    Канцеларијата на главниот обвинител на Украина истражува 28 вакви инциденти од почетокот на војната, во кои загинаа 62 украински војници.

    – Ако војниците се предадат, ако јасно покажат дека се предале, ако немаат оружје во рацете – тогаш погубувањето по скратена постапка е воено злосторство – рече Андриј Костин, главен обвинител на Украина.

    Извор од Обединетите Нации изјави за Си-Ен-Ен дека неколку такви случаи на очигледни егзекуции на украински војници се под истрага.

    – Има многу такви, постои шема. Ова укажува на можна нарачка. Овие убиства се поединечни воени злосторства и заедно можат да претставуваат злосторства против човештвото – изјавил изворот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img