More

    Дуров ја критикуваше Франција за обвиненијата против него

    spot_img

    Основачот и извршен директор на апликацијата Телеграм, Павел Дуров денеска ја критикуваше Франција поради неговото апсење и обвинение за објавување нелегална содржина на апликацијата.

    Во неговата прва реакција по апсењето, во подолга изјава за Телеграм, Дуров оцени дека е „изненадувачки“ да се смета тој за одговорен за содржината објавена од други луѓе.

    – Користењето на законите од ерата пред паметните телефони за да се обвини извршен директор за злосторства извршени од трети лица на платформата што ја води е неразумен пристап – рече 39-годишниот милијардер.

    – Секој ден бришеме милиони штетни пораки – истакна Дуров.

    Тој ги негираше наводите дека Париз не добил никакви одговори од Телеграм на своите барања. Дуров рече дека тој лично им помогнал на француските власти „да воспостават жешка телефонска линија со Телеграм за справување со терористичката закана во Франција“.

    На крајот од својата изјава, Дуров зазеде попомирлив тон и призна дека наглото зголемување на бројот на корисници на Телеграм, кој сега го проценува на 950 милиони низ светот, доведе до ситуација што „ги олесни злоупотребите на криминалците нашата платформа“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img