More

    Следуваат уште потопли години, со поинтензивни горештини

    spot_img

    Летото во 2024 година е најтоплото лето досега на северната хемисфера на Земјата, објави денеска службата за климатски промени на ЕУ Коперник. Просечната глобална температура од јуни до август 2024 година беше највисока досега.

    – Земјата ги доживеа најтоплите јуни и август, најтоплиот ден досега и најжешкото лето досега. Оваа низа од рекордни температури ја зголемува веројатноста 2024 година да биде најтоплата година досега – изјави заменик-директорката на Коперник, Саманта Бурџис.

    Таа додаде дека температурите во иднина ќе бидат поинтензивни ако не се преземат итно мерки за намалување на стакленичките гасови.

    Просечната температура во Европа во текот на трите летни месеци беше највисока досега, со 1,54 степен Целзиусов над просекот од 1991 до 2020 година, со што го надминува претходниот рекорд од 1,34 степен, достинат во 2022 година.

    Според извештајот на Коперник, условите биле повлажни од просечните во Западна и во Северна Европа. Во поголемиот дел од медитеранскиот регион и во Источна Европа условите беа посуви од просекот, што доведе до суша на некои места.

    За периодот од септември 2023 година до август 2024 година, просечната глобална температура била за 1,64 степен Целзиусов повисока од прединдустрискиот просек, покажуваат податоците на Коперник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img