More

    Николоски од Белград најави изградба на гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

    spot_img

    Во делот на енергетиката разговаравме за изградба на интерконектор или гасно поврзување меѓу Македонија и Србија што треба да следи после гасното поврзување или интерконекторот меѓу Македонија и Грција, изјави заменик претседателот и министер за транспорт Александар Николоски, по средбата во Белград со српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

    -На тој начин ќе се изгради целокупен гасовод кој што ќе оди од Грција преку Македонија и Србија до Унгарија, Австрија и Централна Европа и ќе се заврши еден проект кој што генерации политичари пред нас го спомнувале за изградба на гасовод низ Македонија. Со тоа Македонија ќе го заземе централното место во делот на снабдување со гас на Централна Европа, што во услови на криза на Истокот и воена агресија во Украина ќе значи уште повеќе за македонската економија затоа што прво ќе може снабдувањето со гас во Македонија да се диверзифицира и да имаме три или четири извори на гас, а не само еден. Второ многу поважно е низ Македонија да оди транзит гас кој што ќе оди до големите европски држави со што македонското стопанство ќе наплаќа транзит и ќе остварува големи приходи, а стратешки Македонија ќе ја постави на мапата да не биде избегнувана и од една страна каде што некои други влади сакаа Македонија да ја направат слепо црево во делот на инфраструктурата и во делот на поврзувањето, ние сакаме да ја направиме центар во поврзувањето, изјави Николоски во Белград.

    Според него, „клучниот гасовод кој што оди до Централна Европа, изградба на брза пруга со 200 километри на час што исто така оди до Централна Европа, завршување на Коридор 8 во делот на автопатско поврзување со Бугарија и Албанија и во перспектива и железничко, како и изградба на мултимодуларен комплекс кај Трубарево каде што треба да изградиме пристаниште на суво како што се нарекува, каде што треба да се претовара целата роба која што ќе доаѓа од солунското, драчкото и атинското пристаниште, мислам дека македонската економија во следните 10-15 години ќе ја стави во центарот на Балканот, што е наша основна задача, да ја покренеме Македонија, луѓе да доаѓаат во Македонија а не да си одат, да има повеќе работни места и да има добро платени работни места“.

    Николоски дводневната посета на Белград ја оцени како успешна. Посочи дека се очекува посета на премиерот Вучевиќ во Македонија на крајот на септември или почетокот на октомври, до крајот на годината ќе има заедничка седница на двете влади, а од следната година ќе има по две заеднички седници на влади.

    На новинарско прашање за изградба на брзата пруга, министерот Николоски одговори дека тоа е еден од неговите први приоритети.

    – Нашата цел е во многу брзо време да ја испроектираме и да ја изградиме брзата пруга, не сакам да давам рокови но ако успееме во рамки на извесните два мандати кои што ќе ги има оваа оваа влада, зашто да нема и три, ќе е одлична работа за Македонија. Некаде таму помеѓу 2030 и 2032 година да имаме функционална брза пруга со 200 кm на час што ќе значи препород за цела Македонија, истакна Николоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img