More

    Макрон го назначи новиот француски премиер

    spot_img

    Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи поранешниот еврокомесар и преговарач за Брегзит Мишел Барние(73) за нов премиер на Франција. Тој побарал од Барние да „формира влада на национално единство во служба на земјата“.

    Барние е десничар, ветеран на Републиканска партија,. Тој имаше долга политичка кариера и имаше различни високи позиции, како во Франција, така и во ЕУ.

    Сега ќе треба да формира влада која ќе треба да го „преживее“ Националното собрание поделено на три големи политички блока, од кои ниту еден не може да формира јасно мнозинство.

    Политичарот и дипломат ги предводеше преговорите на Европската комисија за Брегзит со Лондон, откако Британија гласаше за напуштање на ЕУ во 2016 година. Тогаш тој го обезбеди договорот за Брегзит кој стапи на сила во 2019 година, по навидум бескрајните рунди преговори со неговите британски колеги.

    Во 2021 година, Барние беше назначен за специјален советник на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

    Пред да се пресели во Брисел, Барние, меѓу другото, беше и министер за надворешни работи на Франција.

    Пред три години Барние посочи дека сака да го предизвика претседателот Макрон на изборите, велејќи дека сака да ја ограничи и преземе контролата врз имиграцијата. На крајот не успеа да биде избран за кандидат од неговата партија.

    Барние ќе биде најстариот премиер на Франција од формирањето на Петтата република во 1958 година.

    Тој треба да го наследи Габриел Атале, најмладиот француски премиер досега, кој првпат беше назначен за премиер од претседателот Макрон на почетокот на 2024 година и кој ја извршуваше таа функција од јули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img