Католиците и православните да добијат заеднички датум, предлага Цариград

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Едногласно е изразена желбата заедничкото празнување на Велигден следната година за источното и западното христијанство да не биде едноставно една среќна случајност, туку почеток на воспоставување заеднички датум за неговото годишно празнување, пишува во соопштението од Вселенската патријаршија по одржаниот Синодот на јерархијата на вселенскиот престол, јави дописничката на МИА од Атина.

Во 2025 година Христовото воскресение е на ист ден, на 20 април и за православните и за католиците, а Вселенската патријаршија одново ја покрена идејата за празнување на Велигден на ист ден и во иднина.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на неговиот говор на крајот на тридневниот Синод, потсетил дека на крајот од мај следната година ќе се одржи официјалната прослава на 1700-годишнината од свикувањето на Првиот вселенски Собор со учество на поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск.

Share This Article