Кај дел од откупувачите има мало отстапување од договорената цена за пиперката. Согласно препораките на Инспекторатот сите ќе се коригираат, изјави денеска министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во општините Могила и Кивогаштани каде што беше заедно со претставници од Земјоделскиот инспекторат сум во контрола на откупот.
Тој им вети на земјоделците дека ќе се следи откупот до последниот килограм на пиперка.
-Сакам да апелирам до земјоделците дека ние како институција ќе го следиме откупот до последниот килограм додека не се откупи согласно препорачаните односно договорените цени пред почетокот на откупот – рече Трипуновски.
Во наредните денови, додаде Трипуновски, ќе одржиме и дополнителен состанок со преработувачите на кој ќе разговараме за преклопување на реколтата од струмичкиот и прилепскиот регион. И тоа се со цел да нема големи осцилации во делот на преработката.