Хамас го обвинува Нетанјаху дека се обидува да спречи прекин на огнот и договор за заложници

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Israel's Prime Minister Benjamin Netanyahu delivers a speech during his visit to an Israeli unmanned aerial vehicle (UAV) centre, at the Palmachim Airbase near the city of Rishon LeZion on July 5, 2023. (Photo by JACK GUEZ / AFP)
- Advertisement -
Ad image

Палестинската група Хамас изјави дека нема потреба од нови предлози за прекин на огнот во Газа и дека треба да се изврши притисок врз Израел да се согласи со американскиот план што групата веќе го прифати, пишува Гардијан.

Се очекува САД наскоро да претстават нов предлог за примирје со цел да се надминат разликите меѓу Хамас и Израел. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се соочува со притисок да склучи договор за ослободување на преостанатите заложници, откако израелските власти во неделата објавија дека телата на уште шест заложници се пронајдени во тунел во Газа.

Во изјавата објавена на Телеграм утрово, групата Хамас тврди дека Нетанјаху се обидува да го попречи договорот со инсистирање дека Израел нема да се повлече од коридорот Филаделфија во јужна Газа.

Како што пишува Гардијан, токму ова прашање стана главна пречка во разговорите, а израелскиот премиер е нашироко обвинуван дека се обидува да ја продолжи војната за лична и политичка корист.

„Ве предупредуваме да не паднете во стапицата и триковите на Нетанјаху, бидејќи тој ги користи преговорите за да ја прошири агресијата врз нашиот народ“, се вели во соопштението на Хамас, додавајќи дека групата го прифатила предлогот на 2 јули претставен од САД.

Нетанјаху синоќа го обвини Хамас за застој на преговорите.

„Се обидуваме да најдеме одредена област за почеток на преговорите. Тие [Хамас] одбиваат да го направат тоа… [рекоа] нема за што да се зборува“, тврди тој.

Нетанјаху тврди дека Израел мора да ја задржи контролата на коридорот Филаделфија долж границата меѓу Египет и Газа за да спречи шверц на оружје за Хамас, кој бара целосно повлекување на израелските сили од областа.

Share This Article