Довербата на граѓаните во државата, претставува доверба во нејзините институции. Безбедноста и сигурноста претставуваат врвен приоритет на секоја држава и секој поединец, вели претседателот Стево Пендаровски во пораката упатена по повод 7 Мај, Денот на полицијата.
„Дозволете на сите припадници на полицијата и на сите вработени во МВР да им посакам и понатаму посветено, професионално и истрајно да ја извршуваат својата задача и да ги штитат интересите на сите наши граѓани. Честит 7 Мај – Денот на полицијата“, напиша Пендаровски во пораката.