Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека мировниот договор со Русија зависи од повлекувањето на руските сили на положбите пред 23 февруари.
Тој во обраќањето пред лондонскиот тинк-тенк нагласи дека тоа е минимумот што неговата земја може да го прифати, бидејќи не прифаќа да се зборува за тоа Русија да ги држи териториите кои ги освоила откако ја нападнала Украина, објави Би-би-си..
-За војната меѓу Русија и Украина да биде сопрена, потребно е враќање на ситуацијата од 23-ти февруари- вели Зеленски.
Тој рече и дека народот на Украина го избрал за претседател на Украина, а не за претседател на некоја, како што рекол, „мини Украина”.
Зеленски повикува на продолжување на дипломатскиот дијалог меѓу Русија и Украина.
-И покрај фактот дека ги урнаа сите наши мостови, мислам дека не се сите уништени, фигуративно кажано – рече тој.