Две лица се повредени денеска кога непознат маж ги избодел со нож во Бон.
Полицијата го неутрализирала напаѓачот, кој, според Билд, им подлегнал на повредите во болница.
Во нападот се ранети маж (32) и жена (43).
Полицијата извесно време трагала по напаѓачот и на крајот го лоцирала во локалитетот „Бургер Кинг“, кога испукала најмалку еден истрел кон него.
Според првичните информации, напаѓачот ги познавал жртвите и на прободувањето му претходела расправија.
Со возило на брза помош тие биле пренесени во болница.
На социјалните мрежи почна да кружи видео на кое наводно се гледа како полицијата го опкружува, а потоа пука во напаѓачот.