More

    Што договорија премиерот и Советот на странските инвеститори?

    spot_img

    Владата и Советот на странски инвеститори денеска утврдиле задачи за реформи и закони кои што треба да бидат изменети и за процесите за кои ќе треба заеднички да работат во следниот период.

    Премиерот Христијан Мицкоски по состанокот во Владата изјави дека слушнале многу добри совети и насоки  како треба да ги водат работите и процесите во период кој што следи. Истакна дека Владата останува посветена на подобрување на условите на водење на бизнис во државата.

    -Договоривме да имаме и вакви квартални состаноци на кои што ќе разговараме за напредокот на работите кои што ги договараме на состаноците. Следниот состанок сега ќе биде кон крајот на годината, во првата половина на  декември, можам да кажам дека сите ние си зададовме определени домашни задачи за реформите и законите кои што треба да бидат изменети, односно кои што ќе треба да претрпат измена, но и дел од процесите за кои што ќе треба во периодот кој што следи заеднички да работиме, да дискутираме, да анализираме, да видиме што треба секоја од страните да направи – изјави Мицкоски.

    Како Влада, посочи премиерот, остануваме целосно посветени на реформската агенда и на подобрување на условите на водење на бизнис кај нас.

    -Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада, бидејќи ќе има поголеми приходи во Буџетот. А со приходите од Буџетот ќе има поголема реализација на капитални инвестиции, а од друга страна ќе има и повисоки плати за повисок стандард на нашите граѓани, порача премиерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img