More

    Седум лица, од кои три деца, се убиени во западниот украински град Лавов за време на новиот бран руски напади

    spot_img

    Седум лица, од кои три деца, се убиени во западниот украински град Лавов за време на новиот бран руски напади, објави тамошниот градоначалник. Нападот се случи во момент кога Украина сè уште се опоравува од смртта на најмалку 50 луѓе во воениот институт во централниот град Полтава во вторникот.

    Градоначалникот на Лавов, Андриј Садови, изјави дека Русија нападнала со беспилотни летала и хиперсонични ракети рано во средата. Меѓу убиените има бебе, 14-годишно девојче и жена која работи како акушерка во градот, соопштија властите, јавува Би-Би-Си.

    Садови рече дека голем број станбени згради се во пламен, а две училишта ќе останат затворени во текот на денот како резултат на нападите.

     

     

    Експлозии се слушнаа и над главниот град Киев додека противвоздушната одбрана ги гаѓаше руски ракети. Во меѓувреме, пет лица, наводно, биле повредени откако биле погодени станови во градот Криви Рих. Украинската војска соопшти дека целата земја е ставена под воздушна тревога.

    Спасувачите продолжуваат со потрагата низ урнатините на воениот институт во Полтава по преживеаните од нападот во вторникот. Луѓето немаа доволно време да стигнат до засолништата за бомби откако се огласи алармот за воздушен напад, соопшти украинското Министерство за одбрана.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека, како што ги нарече, „руските ѓубриња“ ќе платат за нападот и ги повтори своите барања до Западот за ракетни системи со долг дострел.

    Западниот град Лавов во голема мера е поштеден од најлошите борби во досегашниот тек на војната, но минатата недела руските напади ги насочија своите ракетирања кон нејзината енергетска инфраструктура предизвикувајќи прекини, според официјални лица.

    Москва не го коментираше последниот напад. Зеленски во среда треба да се сретне со ирскиот премиер додека Ирска се подготвува да објави ново финансирање за воените напори на Украина.

    Ирска ќе објави пакет хуманитарна помош за Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img