More

    Уште 350.000 дози вакцина против детска парализа пристигнаа во Појасот Газа

    spot_img

    Во Појасот Газа пристигнаа уште 350.000 дози од вакцината против детска парализа, кои се чуваат во фрижидерите на Министерството за здравство во Деир ал Белах, јави Анадолија.

    Оваа информација ја потврди и палестинскиот министер за здравство, Маџид Абу Рамадан.

    Наведувајќи дека овие акции се спроведуваат во координација со Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Абу Рамадан рече дека бројот на дози кои пристигнуваат во Појасот Газа со овие вакцини достигна приближно 1,6 милиони.

    Тој посочи дека тоа се доволни количини за да се вакцинираат сите деца до десет години. Според него, децата ќе добијат две дози од вакцината.

    Со вакцинацијата ќе бидат опфатени повеќе од 640.000 деца до десет години во Појасот Газа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img