На интернет кружи видео од чудно влакнесто црно суштество кое седи на песочна плажа некаде во светот и ги плаши туристите, локалните жители и другите посетители кои шетаат покрај морскиот брег.
На видеото се гледа крзнено суштество кое не можете да го „фатите“ ниту за глава, ниту за опашка.
Видеото е поставено пред два дена на профилот на „roger.here_for_the_funny“. Нејзиниот автор оставил само два збора во описот на видеото: „Морско чудовиште“.
Помалку срамежливите корисници на Инстаграм истрајаа да го гледаат видеото до крај, а таа „храброст“ беше наградена со феноменален пресврт.
„Чудовиштето“ од видеото многу брзо се разоткрило, бидејќи камерманот му пришол од поинаков агол, а се појавила глава на бушаво црно куче.
– Мислевме дека е морско чудовиште – вели авторот на видеото и неговото куче Роџер, ших цу.
За само 72 часа ова видео доби 1,8 милиони лајкови, а го погледнале речиси 60 милиони луѓе.