More

    Откриена подводна планина во океанот: Повисока од Олимп, крие ретки видови

    spot_img

    Замислете четири облакодери со висина на Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот, наредени еден врз друг.

    Толку е висината на подводната планина што неодамна беше откриена и мапирана од океанографи предводени од океанскиот институт Шмит во Калифорнија.

    Лоцирана во Тихиот Океан, 1.448 километри од брегот на Чиле, морската планина е висока 3.109 метри и е дел од подводен планински венец кој е дом на морски сунѓери, древни корали и ретки водни видови – вклучително и еден вид лигњи кои биле фотографирана за прв пат, пренесува CNN.

    Тим предводен од Океан Институтот ја истражуваше областа користејќи го истражувачкиот брод R/V Falkor за време на 28-дневната експедиција што заврши овој месец.

    Истражувачите ја мапираа планината користејќи сонарен систем под трупот на бродот.

    „Звучните бранови се спуштаат и отскокнуваат од површината, а ние го мериме времето потребно за нивно враќање. Од тоа добиваме добра проценка за топографијата на морското дно“, изјави Јотика Вирмани, извршен директор на институтот.

    „Тоа е важно бидејќи во моментов само околу 26 отсто од морското дно е мапирано со ваква резолуција. А морското дно покрива 71 отсто од површината на нашата планета“, додаде таа.

    Океанографите проценуваат дека ширум светот има најмалку 100.000 подводни планини високи над 1.000 метри. Тие обезбедуваат важни живеалишта за различни видови. Ново мапираната морска планина е поголема од планината Олимп во Грција, која е висока 2.917 метри (9.570 стапки); и помала од јапонската планина Фуџи, која е висока 3.776 метри, објави Си-Ен-Ен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img