Акционерите на Македонски Телеком меѓу кои е и државата при крајот на месецов ќе ја добијат дивидендата за 2023 година, соопшти компанијата на Македонска берза.
Вкупниот бруто износ определен за дивиденда е 2.212.067.762 денари ( 35,97 милиони евра) или секој акционер со право на дивиденда ќе добие по 25,65 денари по акција бруто (со сите даноци).
Право на дивиденда, според соопштеното имаат сите акционери кои се евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком 12.7.2024 година.
„ Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2023 година е 10.07.2024 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2023 година е 11.07.2024 година. Исплатата на дивидендата ќе почне на 26.9. 2024 година“, се наведува во соопштението.
Според процентот кој го поседуваат во акции најголем дел од парите ќе одат за „Дојче Телеком“ односно неговата фирма „Камени мост комуникации“ која поседува 55% од акциите. Кај него ќе завршат повеќе од 19,8 милиони евра во бруто износ.
Како втор по големина акционер со 35% од акциите државата ќе добие дивиденда во износ од повеќе од 12,6 милиони евра бруто.
Во Телеком има о повеќе од 3.300 акционери домашни физички лица. Ним им остануваат за распределба 720.000 бруто.