Синоќа околу 23.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека околу 20.30 часот кај нив со прострелна рана од огнено оружје бил донесен Б.Р.(19) од с.Арачиново, скопско.
Според пријавеното, околу 20.00 часот во с.Арачиново, по претходна расправија, едно лице од огнено оружје пукало кон Б.Р..
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.
Престрелка во Арачиново имаше и минатата недела кога повредено беше 24-годишно момче.