Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Македонија, јавува ЕМСЦ, портал кој го регистрира секој земјотрес во светот.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 90 километри североисточно од Скопје во близина на Демир Капија. Како што јавува порталот потресот бил на длабочина од околу три километри.
Засега нема информации дали има повредени. Исто така, не се знае дали е причинета материјална штета.