More

    Додик предизвика нов инцидент

    spot_img

    Членовите на Здружението на ветераните од патриотската војна одбија да се ракуваат со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, го исвиркаа, а тој потоа се сврте и им го покажа средниот прст, пишува порталот Кликс.

    Инцидентот се случил вчера на езерото Бардача кај Бања Лука каде беше организиран „Гастро фест“.

    Додик на фестивалот дошол со хеликоптер, а кога минувал покрај шаторот во кој се собрале ветераните, се случил инцидент. Им пришол да се ракува, но тие го одбиле, пишува „Кликс“. Потоа извикале по него, а Додик се свртел и им го покажал средниот прст.

    По заминувањето на Додик, двајца од придружбата на Додик им пришле на ветераните и еден од нив дејствувал агресивно.

    – Точно е дека имаше непријатна ситуација кога Милорад Додик се приближи до нашата маса. Луѓето не сакаа да се ракуваат со него и почнаа гласно да се жалат, а тој се сврте и им покажа среден прст. После тоа, еден од членовите на неговото обезбедување влезе во разговор со наши луѓе, но сепак беше спречен посериозен инцидент – изјави потпретседателот на Здружението, Недељко Клинцов.

    Бранислав Бореновиќ, претседателот на Партијата за демократски напредок (ПДП), за „Кликс.ба“ потврди дека тоа се случило и рече дека сѐ се случило неочекувано за десет секунди, а се објави и на Икс.

    За инцидентот зборуваше и претседателката на Народен фронт, Јелена Тривиќ, која рече дека кревањето на средниот прст на Додик е симбол на неговиот однос кон народот.

    – Дезертер во војна, среден прст на борците во мир – тоа е Додик! Тоа е Милорад Додик. Ако не му беше јасно никому досега. Некогаш воен профитер и шверцер – секогаш воен профитер. Средниот прст кон борците е среден прст за целата наша нација, прстот за борците е среден прст на Милорад Додик за цела Република Српска – рече Тривиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img