Руските служби за вонредни состојби денеска соопштија дека ги извлекле телата на 22 лица кои се наоѓале во хеликоптерот што се урна на Далечниот исток на Русија.
Несреќата се случила на Камчатка, недопрен полуостров со бројни вулкани, познат по својата убавина и богатиот животински свет.
Хеликоптер Ми-8 со 19 патници и тројца членови на екипажот полетал од база во близина на вулканот Вачкажец, а спасувачите ги лоцирале остатоците следниот ден.
Руската државна новинска агенција РИА Новости објави, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации, дека најверојатно се урнал поради лошите временски услови, односно слабата видливост.
Покрената е истрага за можна грешка на пилотот или технички дефект.
Авионот и припаѓал на авиокомпанијата „Витјаз-Аеро“, за која руските медиуми наведуваат дека е еден од најголемите превозници во регионот на Камчатка.
По хеликоптерската несреќа во 2021 година во која загинаа осум лица, властите и забранија на компанијата да превезува патници во очекување на истрага за можни прекршувања на правилата за воздухопловна безбедност.