Протестите во Израел стануваат помасовни, синдикатите соопштија дека ќе ја нарушат целата економија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Израел започна национален штрајк додека се зголемува притисокот врз Бенјамин Нетанјаху да постигне договор за прекин на огнот со Хамас.

Услугите вклучувајќи ги банките, болниците и транспортот во неколку израелски области се нарушени поради генералниот штрајк во земјата, чија цел е да се изврши притисок врз Бенјамин Нетанјаху да се согласи на договор за враќање на израелските заложници во Газа дома, пишува Телеграф.

Некои летови на аеродромот „Бен Гурион“, главниот воздушен транспортен центар на Израел, се суспендирани, иако авионите што доаѓаат сѐ уште слетуваат. Автобуските и лесните железнички услуги во многу области се откажани или само делумно функционираат.

Работниците, во главното израелско трговско пристаниште Хаифа, исто така штрајкуваат.

Болниците работат само делумно, а банките не работат.

Многу бизниси од приватниот сектор се отворени, но работодавачите му дозволуваат персоналот да се приклучи на штрајкот.

Најголемите синдикати во земјата соопштија дека ќе ја нарушат „целата економија“ во понеделник, по смртта на шестмина заложници пронајдени во тунел под Газа.

Ожалостените семејства го обвинија премиерот Нетанјаху дека ја ставил политиката пред безбедноста на цивилите киднапирани од терористичката група на 7 октомври минатата година.

Протестите во неделата навечер беа најголеми од прогласувањето на војната пред 11 месеци, при што организаторите проценија дека 300.000 луѓе се собрале во Тел Авив и дека уште 200.000 учествувале во протестите на други места низ земјата.

- Advertisement -
Ad image

Полицијата се судри со некои од демонстрантите, користејќи водени топови и шок-бомби, при што, наводно, повредила политичар од Лабуристичката партија.

Демонстрациите во Тел Авив започнаа со марш до седиштето на Израелскит одбранбени сили, при што ожалостените Израелци носеа 6 „ковчези“ за да ги симболизираат телата на Херш Голдберг-Полин (23), Еден Јерушалми (24), Ори Данино (25), Алмог Саруси (27), Алекс Лобанов (32), и Кармел Гет (40).

Мајката на Саруси, Нира, рече дека нејзиниот син е „напуштен“ и „жртвуван на олтарот на уништувањето на Хамас“, што алудира на примарната цел на Нетанјаху од војната.

- Advertisement -
Ad image

Се верува дека 64 од 251 заробеник, остануваат живи во Газа. Телата на најмалку 33 од заложниците допрвин треба да се извлечат.

Десничарските контра демонстранти во Ерусалим ја повикуваат јавноста да не го насочува својот гнев против владата, туку против Хамас.

Демонстрантите велат дека генералниот штрајк е „награда за Хамас“.

Share This Article