Отсега ќе вадиме нови документи за 15 работни дена

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Процесот за издавање лични карти и патни исправи е целосно ставен под контрола и отсега граѓаните ќе можат да ги добијат новите документи во законскиот рок од 15 работни дена, рече премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на првиот училишен ден во ОУ „Стив Наумов“ во Општина Гази Баба.

– Од информациите што ги добивам од Министерството за внатрешни работи (МВР), околу 1.740.000 патни исправи се досега издадени и околу 1.400.000 лични карти. Нови возачки дозволи се издадени околу 750.000, а рокот за да се сменат старите возачки дозволи истекува на крајот на годината. Нема повеќе турканици, нема повеќе неред и нема повеќе понижување на македонските граѓани. Оваа Влада се грижи за интересите на граѓаните – рече Мицкоски.

фото: МИА

Share This Article