More

    Едно лице загина, а пет се ранети во престрелката што се случи синоќа во Приштина

    spot_img

    Едно лице загина, а пет се ранети во престрелката што се случи синоќа во Приштина. Според медиумите, во престрелката учествувале семејствата Секирака и Чапај, пренесе Коха.

    Во оружаниот инцидент наводно убиен е Премтим Гаши. Еден од петмината повредени наводно е Салих Секирака.

    Повредените се во тешка состојба и се во болница, јавуваат медиумите.

    „Косовец почина како последица на раните добиени при пукање меѓу двете групи. Смртта на жртвата ја констатираше медицинска екипа на местото на настанот. Исто така, како резултат на размената на оган, 5 осомничени Косовци од машки пол се повредени, кои под мерка приведување и полициски надзор се на лекување. Освен полициските единици, на местото на настанот излегоа и обвинителот и службениците од Институтот за судска медицина, кои го однесоа мртвото тело на обдукција“, се наведува во полициското соопштение.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img