Угина белиот кит кој беше сензација во Норвешка

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Китот белуга со прекар Хвалдимир, првпат забележан во Норвешка недалеку од руските води додека носел ремен, што поттикна гласини дека можеби е шпион на Москва, е пронајден мртов, пишува Гардијан.

Норвешкиот јавен сервис НРК објави дека татко и син, кои ловеле риба, го пронашле телото на китот како лебди во заливот Рисавика, во јужна Норвешка.

Кетот белуга, чијшто прекар беше комбинација од норвешкиот збор за кит „хвал“ и првото име на рускиот претседател Владимир Путин, беше изваден од водата со кран и однесен во блиското пристаниште каде што експертите ќе го испитаат.

– За жал, го најдовме Хвалдимир како лебди во морето. Тој почина, но не е веднаш јасно која е причината за смртта – изјави морскиот биолог Себастијан Странд.

Тој додаде дека на животното не се видливи поголеми надворешни повреди.

Странд, кој ги следеше авантурите на Хвалдимир во последните 3 години, во име на непрофитната организација со седиште во Норвешка „Марин мајнд“ (Marine Mind), рече дека бил длабоко погоден од ненадејната смрт на китот.

– Тоа е апсолутно ужасно. Тој очигледно беше во добра состојба во петокот, па треба да откриеме што се случило овде – рече Странд.

Китот, долг 4,2 метри и тежок 1.225 килограми, првпат беше забележан во април 2019 година од страна на рибарите во близина на северниот остров Ингоја, недалеку од арктичкиот град Хамерфест. Носел ремен и нешто што изгледало како држач за мала камера, означен со зборовите „Опрема Санкт Петербург“.

Тоа предизвика обвинувања дека белугата е „шпионски кит“. Експертите велат дека е познато дека руската морнарица тренирала китови за воени цели.

- Advertisement -
Ad image

Со текот на годините, белугата беше видена во водите покрај неколку норвешки крајбрежни градови и бргу стана јасно дека китот е многу питом и дека ужива да си игра со луѓето.

„Марин мајнд“ на својата страница соопшти дека Хвалдимир бил многу заинтересиран за луѓето и реагирал на рачните сигнали.

„Врз основа на овие набљудувања, се чинеше дека Хвалдимир пристигнал во Норвешка преминувајќи од руските води каде што се претпоставува дека бил држен во заробеништво“, се вели во извештајот.

- Advertisement -
Ad image

Поради ваквото однесување, норвешките медиуми исто така шпекулираат дека Хвалдимир можеби бил користен како „кит за терапија“ во Русија.

Share This Article