Вулканот Шивелуч на полуостровот Камчатка, кој еруптираше во текот на ноќта, исфрли облак од пепел во висина од околу 8 километри, соопшти денеска локалната канцеларија на руското Министерство за вонредни состојби.
„Пепелот се шири кон североисток, во правец на заливот Озерни, но на патот на нејзиното ширење нема населени места“, се наведува во извештајот.