Грчката полицијата организирала голема потера по двајца мажи кои утрово фрлиле ранец со четири гранати и револвер во атинската населба Керачини.
Според тамошните медиуми, мажот кој бил на мотор во моментот на инцидентот бил идентификуван бидејќи во ранецот покрај оружјето и експлозивот е пронајдена и неговата лична карта.
Во соопштението се наведува дека мажот и претходно и бил познат на полицијата бидејќи веќе бил приведен за семејно насилство.
По инцидентот, полицијата дојде до видео од надзорните камери кои го снимиле моментот на фрлање на чантата, на која се гледа како двајцата сторители се движат со голема брзина на мотор, додека полицијата ги следи.
Прототема го објави видеото.
Возачот носи кацига, додека лицето зад него е облечено во бела маичка, со споменатиот ранец на грбот. Полицијата уште не утврдила од каде е оружјето и експлозивот во ранецот, кои се мажите кои избегале, како и епилогот на случајот.