Со интонирање на македонската химна и највисоки државни почести денеска во Загреб е пречекан премиерот Христијан Мицкоски од неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со интонирање на македонската химна и највисоки државни почести денеска во Загреб е пречекан премиерот Христијан Мицкоски од неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ. Во тек е тет-а-тет средбата по која треба да бидат потпишани два меморандума за соработка во областа на здравството и образованието, јави известувачот на МИА од Загреб. Во областа на здравството, соработката меѓу другото, предвидува размена на експерти и советодавни услуги, а во делот на образованието исти услови за школување за македонските и хрватските ученици и студенти.По средбата со Пленковиќ, премиерот Мицкоски ќе се сретне и со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и со потпретседателот на хрватскиот Сабор Жељко Реинер.

Во фокус на разговорите се евроинтеграцијата на нашата држава, хрватската поддршка на тој пат, како и можностите за продлабочување на билатералната соработка, особено на економски план.

Во состав на владината делегација се и министрите за образование и наука, за здравство и за надворешни работи.

Share This Article