More

    ВИДЕО: Украинците го уништија рускиот „Сафир“ – најсовремениот систем за електронско војување

    spot_img

    Силите за специјални операции (ССО) на Украина успеаја да го уништат „Сафир“, најсовремениот руски систем за електронско војување, во операција спроведена во областа Курск.

    – Операторите (дронови) на ДЗС на Украина го гаѓаа и уништија рускиот систем за електронско војување „Сафир“ во Курската област – пишува во текстот што го придружува видеото од акцијата на дронови.

    Се наведува дека украинските војници го лоцирале „Сафир“ за време на извидничка мисија на непријателска територија.

    – Непријателот претрпе и човечки жртви, имаше загинати и ранети – соопшти ДЗС, без да го прецизира бројот на жртви од руска страна.

    „Киев пост“ наведува дека не може самостојно да ја потврди автентичноста на снимката од дронот на ДЗС на која се гледа степенот на штетата на рускиот електронски систем за заглавување.

    На видеото се гледаат и руски војници кои се обидуваат да ги евакуираат ранетите соборци.

    Руската агенција Тас објави во јули 2023 година дека руските сили го користеле новиот систем за електронско војување „Сафир“ првпат во борбената зона во Украина.

    Според руските медиуми, Сафир може да попречи во работата на секаков вид на беспилотни летала.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img