More

    Србија забрани увоз и превоз на мали прживари (овци и кози), на месо и млеко и други производи од нив, со цел да спречи внесување, појава, ширење и сузбивање на заразната болест чума

    spot_img

    Србија забрани увоз и превоз на мали прживари (овци и кози), на месо и млеко и други производи од нив, со цел да спречи внесување, појава, ширење и сузбивање на заразната болест чума кај малите преживари – Peste des petits ruminants (PPR).

    Станува збор за болеста позната и како „козја чума“, која беше потврдена во Грција на почетокот на јули и која доведе до уништување на илјадници овци и кози.

    „Со цел да се спречи внесување, појава, ширење и сузбивање на заразната болест Чума на мали преживари (ППР) на територијата на Република Србија, се забранува увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви овци и кози, нивно месо и производи од месо, а забраната важи и за млечните производи и други производи“, се наведува меѓу другото во наредбата на министерот за земјоделство на Србија Александар Мартиновиќ.

    Забраната за увоз и транзит важи и за приплоден материјал.

    Забраната се однесува на пратки кои потекнуваат од земји каде што постои сомневање или потврда за заразна болест PPR кај домашни и диви овци и кози.

    И Грција во која болеста козја чума се појави пред неколку недели забрани движење на живи грла и производи од коза и овца на сопствената територија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img