More

    Мајката и сестрата на Мараја Кери починаа во ист ден

    spot_img

    Починаа мајката и сестрата на пејачката Мараја Кери.

    Пејачката потврди дека нејзината мајка Патриција (87) и сестрата Алисон (63) починале во текот на викендот, во ист ден.

    – Срцето ми е скршено затоа што минатиот викенд ја загубив мајка ми. За жал, во трагичен пресврт на настаните, мојата сестра го загуби животот истиот ден. Ја ценам поддршката на сите, љубовта и почитувањето на приватноста во овој тежок период – рекла Кери за магазинот „Пипл“.

    Засега сè уште не е позната причината за смртта на Патриција и Алисон.

    Патриција беше во брак со Алфред Рој Кери, од кого се разведе кога Мараја имаше три години. Тој почина во 2002 година на 72-годишна возраст. Покрај Мараја и Алисон, Патриција и Рој го добија и синот Морган.

    Патриција сакаше музика како нејзината ќерка. Беше оперска пејачка и вокален тренер, а Мараја често истакнуваше дека талентот го наследила од својата мајка. Меѓутоа, еднаш изјавила дека нивниот однос е комплициран.

    „Нашиот однос е бодликаво јаже од гордост, болка, срам, благодарност, љубомора, восхит и разочарување. Комплицирана љубов. Но, мајка ми ми го даде најдоброто што можеше“, напишала Кери во своите мемоари „Значењето“ (The Meaning) од 2020 година.

    Мараја и нејзината сестра не беа во добри односи долги години. Алисон беше зависничка која се лекуваше, ХИВ позитивна и неколкупати јавно бараше помош од Мараја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img