Бајден и Камала ги водат САД кон Трета светска војна, обвини Трамп

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп, оцени дека администрацијата на претседателот Џо Бајден, а особено кандидатката на демократите, Камала Харис, ја водат Америка кон Трета светска војна.

– Кој преговара за нас на Блискиот Исток? Бомби паѓаат насекаде. Заспаниот Џо (Бајден) спие на плажа во Калифорнија, прогонет од демократите, а неговата пријателка Камала (Харис) е на турнеја со автобус со Тампон Тим (потпоретседателскиот демократски кандидат Тим ​​Волц), нејзиниот навистина лош избор за потпретседател. Ајде да не се случи Трета светска војна, затоа што одиме во тој правец – напиша Трамп на мрежата Икс.

Изјавата на Трамп доаѓа во време на ескалација на Блискиот Исток.

Израел вчера изврши серија воздушни напади врз цели на Хезболах во јужен Либан, сооштувајќи дека нападите се превентивен потег за да се спречи Хезболах да лансира ракети и проектили кон централен Израел.

Хезболах, пак, објави дека во првата фаза од нападот врз Израел истрелал 230 проектили на северот на оваа земја, како одговор на атентатот на високиот командант на Хезболах Фуад Шукр на 30 јули во Бејрут.

Share This Article