More

    23-годишен жител на Струга предизвикал пожар во близина на аеродромот во Охрид,имал и канти со бензин за огнена подршка!!

    spot_img

    23-годишен жител на Струга е приведен во полициска станица под сомневање дека подметнал пожар во близина на охридскиот аеродром. Стружанецот се правдал дека негови роднини фрлиле отпушок од цигара и тоа е причината за пожарот, но полицијата во непосредна близина пронајде „тојота“ во која имало две канти со бензин, велат извори од МВР за Плуинфо.

    „На 24.08.2024 во 18.56 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во близина на аеродромот во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид излегоа на местото на настанот каде претходно биле две лица во близина на патничко возило „тојота“ кои потоа веднаш се дале во бегство со друго возило. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Охрид пожарот бил изгаснат“, информираат од МВР.

    Оттаму додаваат дека на местото пристигнал и Р.Р.(23) од Струга, кој кажал дека нивата била негова сопственост и дека со негови роднини вршеле средување на нивата. Како што кажал пожарот настанал поради негово невнимание односно додека извршувале работи, истиот фрлил неизгаснат отпушок од цигара од што настанал пожарот кој не успеале да го стават под контрола.

    „На местото на настанот пронајдено е и патничкото возило „тојота“ и две канти со бензин. Во полициска станица повикан е Р.Р а известен е Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img