Во рамки на спортската програма на овогодинешното издание на Ohrid Water Festival денеска пред Старото пристаниште во Охрид се одржа забавен натпревар на вода „Ред бул-Педалинка“.
На трката учествуваа 16 екипи кои имаа по четворица натпреварувачи. Поради забавниот карактер на натпреварот учесниците носеа интересни маски. Настанот беше надополнет со музичка програма наменета за публиката.