Кина денеска започна истрага за субвенции за увезени млечни производи од ЕУ која ќе се фокусира на различни видови сирење, млеко и павлака наменети за човечка исхрана.
Истрагата доаѓа еден ден по објавување на ревидираниот тарифен план за увоз на електрични возила од кинеско производство на Унијата.
„Ќе се истражуваат 20 шеми за субвенционирање од целиот 27-член блок, особено оние од Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Финска, Италија, Ирска и Романија“, се наведува во соопштението за печатот на кинеското министерство.
Од наведените земји, Ирска е убедливо најголем извозник на млечни производи во Кина, а минатата година на таа азиска земја и продаде стока во вредност од 461 милион долари.
ЕУ лани извезла млечни производи во Кина во вредност од 1,7 милијарди евра, што е намалување во однос на 2 милијарди евра во 2022 година.
Вчера ЕУ ги ревидираше предложените казнени тарифи за увоз на кинески електрични возила од првично планираните 37,6 на 36,3 отсто, но и покрај молбите на Пекинг, тој не се откажа од нив.
Кинеското Министерство за трговија вети дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на кинеските компании.