Тешкото невреме ноќта од неделата кон понеделникот го зафати поширокото подрачје на Сплит. Во Сплит врнеа 25 литри дожд на квадратен метар. Бурата предизвика многу проблеми кај пожарникарите кои главно ги отстрануваа дрвјата кои паднаа на патиштата, но и црпеа вода од поплавените подруми, пишуваат хрватските медиуми.
Големи количини вода исфрлија и неколку канализациски капаци (шахти) низ градот. Освен материјалната штета, нема човечки жртви.
По 23 часот дрвја паднаа главно во центарот на градот, на патиштата и на паркираните возила на шеталиштето Мажураниќ, во улиците Каштеланска, Звонимирова, Рендиќева, Зринско-Франкопанска, Планчиќева и Старчевиќева. Во улицата Вишка во Бачвице и на Путу Фирула поплавени се подрумски простории за што е потребна и интервенција на пожарникарите.
Невремето во Хрватска ги погоди и регионите Каштела, пошироката област Макарска, островите Хвар, Брач, Вис и Шолта, а со помал интензитет и врнежи во останатиот дел од округот.