More

    Операцијата во Курск ќе има повеќе фази, вели новиот началник на градот Суми

    spot_img

    Украинските сили заробувале и повеќе од 150 руски воени заробеници дневно во текот на упадот во рускиот регион Куркс, пишува британски „Гардијан“ цитирајќи клучен цивилен функционер кој рекол дека оваа т.н. прекугранична воена операција е прва од „неколку фази“ во борбата со Москва.

    Олексиј Дрозденко,  шеф на воената администрација во украинскиот град Суми, поставен од украинскиот претседаел Володомир Зеленски, рече дека нападот поминал подобро од очекуваното и дека имало само 15 жртви на кои им било потребно болничко лекување на првиот ден.

    – Некогаш има повеќе од 100 или 150 воени затвореници дневно – вели тој.

    Многу од руските војници кои ја чувале границата биле млади регрути.

    – Тие не сакаат да се борат со нас – додаде тој.

     

     

    На социјалните мрежи се појавија неколку видеа од Украинците како заробуваат воени заробеници, вклучително и на границата во првите часови од упадот во вторник на 6 август. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев го зголемува својот „фонд за размена“ за да ги замени за украински воени затвореници.

    Бидејќи Суми е град кој е најблиску до границата Дрозденко вели дека градот е клучен во операцијата, но дека се заколнал на тајност бидејќи има уште работи кои допрва треба да се случат и дека „во иднина ќе видиме неколку фази од операцијата“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img