More

    Одби да се предаде и пукаше кон полицајците, вели српскиот министер Дачиќ

    spot_img

    Вахабистот Сенад Рамовиќ Бечан е убиен во судир со полицијата кај Нови Пазар, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ. Рамовиќ и претходно бил осуден за тероризам и му дал стан на Милош Жујовиќ, кој на крајот на јуни тешко рани полицаец со самострел пред израелската амбасада во Белград,  пишуваат српските медиуми.

    Дачиќ рече дека Рамовиќ одбил да се предаде при неговото апсење во селото Хотково кај Нови Пазар и дека пукал во полицијата, поради што го ликвидирале припадниците на Специјалната антитерористичка единица (САЈ).

    Дачиќ за српската телевизијата Прва изјави дека Рамовиќ бил во бегство по терористичкиот напад пред израелската амбасада на 29 јуни. Тогаш против него беше поднесена кривична пријава, а тој до неодамна се криеше на територијата на Косово.

    Дачиќ истакна дека ова е заедничка акција на БИА, МУП и Вишото јавно обвинителство во Нови Пазар.

    РТС јавува дека Рамовиќ бил уапсен во 2007 година по вооружена пресметка со полицијата во селото Трнава кај Нови Пазар за планирање на убиството на тогашниот муфтија Муамер Зукорлиќ, како и за подготовка на терористички напади во Белград и Нови Пазар. По тој повод беа уапсени уште 14 соработници на Рамовиќ. Тој во 2009 година беше осуден на 13,5 години затвор.

    Рамовиќ „игра клучна улога во радикализацијата на Милош Жујовиќ“, рече Дачиќ.

    – Ова на некој начин е продолжение на секојдневните акции што ги имавме по терористичкиот акт овде во Белград, гледајќи го вахабистичкото движење и опасноста што постои – изјави Дачиќ.

    Што се случи во Белград на 29 јуни? Милош Жујовиќ кон крајот на јуни со самострел во врат застрела припадник на српската жандармерија во мала куќа пред зградата на израелската амбасада. Ранетиот полицаец го убил напаѓачот, а српските власти тогаш објавиле дека започнале „лов на терористи“.

    Дачиќ тогаш изјави дека 25-годишниот Жујовиќ, по потекло од Младеновац, преминал во ислам и го зел верското име Салахудин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img