More

    Силен земјотрес разбуди вулкан во Русија

    spot_img

    Руските државни медиуми јавуваат дека вулканот Шивелуч еруптирал по земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала што го погоди источниот брег на Русија. Вулканот е оддалечен околу 450 километри од крајбрежниот град Петропавловск-Камчатски, кој има околу 180.000 жители, пишува Си-Ен-Ен.

    „Според визуелните проценки, пепелта се издигнува дури на осум километри надморска височина“, јавија руските медиуми утрово, додавајќи дека вулканот исфрлил лава.

    Според Американскиот геолошки институт (УСГС), епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 48 километри и на околу 88 километри оддалеченост од Петропавловск-Камчатски.

    Руските медиуми наведуваат дека по земјотресот нема информации за поголеми штети, но дека властите превентивно ја проверуваат безбедноста на зградите во околните области.

    Полуостровот Камчатка е едно од сеизмички најактивните области во светот поради дејството на пацифичките и северноамериканските тектонски плочи.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img