Фанови и од Македонија го следат спектаклот на Ушќе

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Светски познатиот пејач и текстописец Ед Ширан вечерва одржува концерт во Белград, Србија.

– Ова е прекрасен град. Никогаш не сум бил во Белград претходно, ниту во Србија. На ова ќе се сеќавам до крајот на животот. Ако имам овде фанови, ви благодарам многу за поддршката – рече Ширан на почетокот на концертот.

Многу фанови на Ширан од Македонија вечерва се на Ушќе во Белград каде се одржува концертниот спектакл, кој почна во 18 часот.

Настапот во Белград е дел од европската турнеја на Ширан.

Европската турнеја е продолжение на успешните турнеи низ Америка каде постави рекорди по број на посетители, вклучувајќи го SoFi стадионот во Лос Анџелес и MetLife стадионот во Њу Џерси. Вториот важи за најпосетен еднодневен концерт во историјата на САД.

Како специјален гостин на концертот е најавен Калум Скот.

Цената на билетите се движеше од 8.900 до 15.000 српски динари, односно од 76 до 128 евра.

Иако знаеше дека треба да одржи концерт во Белград, Ширан денеска не го пропушти првиот натпревар на „Ипсвич“, неговиот омилен клуб кој по долго време се врати во Премиер лигата.

Англискиот пејач пред мечот со „Ливерпул“ пред стадионот им делеше пити на навивачите, а потоа ги бодреше играчите на „Ипсвич“ на теренот.

- Advertisement -
Ad image

Ширан живее во Сафолк од својата трета година и неодамна купи малцински удел во клубот.

Ширан ги напушти трибините на полувремето на кое резултатот беше 0:0 и полета за Белград.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Share This Article