More

    Кој беше харизматичниот Ален Делон?

    spot_img

    Почина францускиот актер Ален Делон, пренесува АФП. Тој имаше 88 години, а во последните години се бореше со ракот. Тој беше една од најголемите филмски икони на 20 век, а француската и светската кинематографија загубија голема ѕвезда, пренесува српска Нова.

    Делон е роден на 8 ноември 1935 година во Сау, Франција. Пораснал во проблематично домаќинство и рано го напуштил училиштето за да служи војска во Индокина. По враќањето во Франција, тој ја започнал својата актерска кариера во средината на 1950-тите. Брзо се здобил со статус на ѕвезда благодарение на неговата харизма, физички изглед и талент.

    Делон е најпознат по неговите улоги во филмови како Роко и неговите браќа (1960), Гепард (1963), Самурај (1967) и Базен (1969). Неговата соработка со режисери како Лукино Висконти, Жан-Пјер Мелвил и Микеланџело Антониони ја зацврсти неговата позиција како еден од најважните актери на европската кинематографија. Покрај актерството, Делон беше и продуцент и режисер.

    Неговата кариера често беше обележана со контроверзии, но тој успеа да го задржи статусот на икона. Тој е познат и по турбулентниот приватен живот, вклучувајќи бројни љубовни врски и скандали.

    Делон се повлече од актерството на почетокот на 21 век, но сепак останува едно од најпрепознатливите лица во светот на кинематографијата. Неговиот придонес во уметноста, заедно со неговиот неоспорен талент, го прави еден од најзначајните личности на француската и на светската кинематографија.

    Со улогата на Рок стана светска сензација Во 1957 година се појавува во својот прв филм, додека светски познат актер станал со улогата на Роко во филмот „Роко и неговите браќа“ на Лукин Висконти од 1960 година. Потоа играше во филмот Eclipse (1962). Неговиот кул и мистериозен изглед му донесе култен статус, а неговата улога во филмот Самурај (1967) ја зацврсти неговата репутација на актер кој се истакнува во улогите на антихерои и морално амбивалентни ликови.

    Сепак, и покрај големата популарност, тој тврдеше дека не е среќен во животот.

    – Бев програмиран да бидам успешен, но не и среќен. Тоа не оди заедно – рече Ален, кој глумеше во повеќе од 100 филмови на големи француски и меѓународни режисери.

    фото: икс/принтскрин

    Во една прилика откри дека славата го изморила бидејќи не можел да живее како другите луѓе и да ја има својата приватност. Рече дека црпел мотив од жените да бидe тоа што е, а се забавувал со најубавите жени на светот. Роми Шнајдер, Миреј Дарк, Натали Делон и Розали ван Бремен се само дел од убавиците со кои се забавувал, а од неколку врски имал четири деца, додека со Натали Делон официјално бил во брак само од 1964 до 1969 година.

    Делон соработувал со многу големи имиња од светската кинематографија. Неговата филмска кариера опфаќа повеќе од шест децении и над 80 филмски наслови, а многу од неговите филмови се сметаат за класици на светската кинематографија. Покрај глумата, Делон се испроба и во филмска продукција и режија, но во текот на 1980-тите и 1990-тите полека почна да се повлекува од светот на филмот.

    Иако често беше во центарот на вниманието поради приватниот живот, романсите и повремените контроверзи, Ален Делон секогаш беше симбол на стил, елеганција и вистински кинематографски гламур.

    – Подготвен сум да умрам. Го мразам времето во кое живееме, ми се гади. Има луѓе што ги мразам. Сè е лажно, само парите се важни. Ќе заминам од овој свет без трошка жалење – изјави Делон во 2018 година за магазинот „Paris Match“ и откри дека неговата последна желба била неговото куче Лобо да замине со него на другиот свет.

    – „Ако „одам“ пред него, ќе побарам од ветеринарот да ни дозволи да одиме заедно. Ќе му дадат инекција и ќе може да умре во моите раце. Подобро така отколку да умре од тага на мојот гроб – изјави актерот кој призна од што најмногу се плаши

    Делон исто така бил преплашен од можноста по неговата смрт некој да го ископа за да земе ДНК за да утврди татковство.

    – Ѝ реков на ќерка ми: Те молам, не дозволувај ова да се случи кога ќе умрам – изјавил  тој во една прилика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img